За објектот

Се изнајмува куќа на мирна и тивка локација на Водно.

Куќата располага со вкупна внатрешна површина од 300м2, со два посебни влеза, како и простран, хортикултурно уреден двор со површина од 600м2.

Куќата е поделена на два ката и располага со 5 спални соби, гардеробер, дневна просторија со трпезарија, одделна кујна, остава, сауна, како и подрумски простории кои може да се пренаменат според потребите на идните закупци.

Приватно греење и ладење на струја, како и можност за поврзување на градско парно.

На располагање се две гаражни места и едно надворешно паркинг место.

За повеќе информации контактирајте не:

 

 

 

 

Инфо
Контакт
+389 78 30 60 83
Франклин Рузвелт бр. 11
Скопје, 1000, Македонија