Нова куќа 300м2 во Бардовци
за објектот
Нова куќа 300м2 достапна за продажба во нов приватен резиденцијален комплекс од 4 куќи.
Куќата е со јужна ориентација и има преубав поглед кон планината Водно.
Располага со:
- Три спални соби, од кои едната е со сопствена бања, помошна соба (перална) и голем балкон.
- Пространа и светла дневна соба
- Кујна со трпезарија
- Работна соба
- Голема остава
- Бања достапна за другите две спални соби
- Балкон до кој има пристап од една од помалите спални соби
- Гостински тоалет
- Сутерен дел кој располага со финска сауна со инфраред и простор за фитнес
- Машинска соба во сутерен дел каде што се сместени топлотните пумпи и болјерот
- Дворно место 416м2
Греењето и ладењето во куќата се регулирани со топлотни пумпи, кои се меѓу најефикасните и најекономичните начини за одржување на температурата. Во деловите покриени со плочки, температурата се регулира преку подно греење, додека во деловите со паркет, преку фенкојлери. Куќата има и сончеви колектори, а секој кат располага со посебно броило за електрична енергија.
Санитарниот дел е од брендот Roca, чешмите се Grohe, а браваријата од Rehau. Подот е покриен со паркет од Spacva и шпански керамички плочки. Скалите и делови од кујната се направени од бел мермер од Прилеп.
Пред куќата има сопствен паркинг и простор за летна тераса.
Агент за продажба – Дамјан Димковски
- на тел. број: 0038978306083
- на е-маил: sales@propertyone.mk
Контакт со агент
Контактирајте нѐ за да закажете посета и за повеќе информации за недвижноста.














