За објектот

Четирисобна мезонета за изнајмување во Афитос, Халкидики

Лоцирана на една од најубавите и најпрестижните места на Халкидики, во мирна и уредена околина со панорамски поглед кон морето, се изнајмува современа четирисобна мезонета. Домот е дел од приватен комплекс од 10 куќи, сместен на рид, со одлична ориентација, приватност и простор за вистински одмор, идеален за сезонски или целогодишен престој.

Мезонетата е функционално организирана на три нивоа. На приземјето се наоѓа пространа дневна соба со комплетно опремена кујна и тоалет, како и една спална соба со излез на тераса. Од дневната соба исто така има излез кон терасата и уреден простор за BBQ на задниот дел од куќата, создавајќи идеални услови за дружење и уживање на отворено.

Првиот кат нуди две спални соби со големи тераси, од кои едната има поглед кон морето, а на овој кат се наоѓа и еден тоалет, обезбедувајќи удобност и приватност. Поткровјето е организирано како посебна пространа спална со сопствен тоалет, овозможувајќи дополнителна приватност за членовите на семејството или гостите.

Мезонетата е целосно опремена со клима уред во секоја просторија, брз интернет преку Starlink, уреден надворешен BBQ простор и приватно паркинг место пред комплексот. Комбинацијата од функционалност, простор и одлична локација ја прави оваа куќа совршена за подолгорочен престој покрај море.

Годишната цена за изнајмување изнесува 18.000 € + ДДВ.

 

За повеќе информации, контактирајте нè:

Инфо
балкон / тераса
двор / градина
интернет / ви-фи
камин
климатизирано
комплетно опремен
опремен
опремена кујна
паркинг / гаража
џакузи
Контакт
+389 78 24 94 88
бул. 8ми Септември бр.3
Скопје, 1000, Македонија