

Повеќе од вообичаена деловна зграда со расположливи 10000м2 простор, распределен по 1700м2 на еден кат, нуди флексибилно уредување на работната средина.
Деловната зграда располага со повеќе опции за изнајмување на простор од 100м2 до 10000м2 по ваш избор, располага со 4 брзи лифта со носивост од 1000кг.
Деловната зграда располага со најсовремен електронски систем, мрежни инсталации, сервер соби, рецепција, физичко и видео обезбедување, на располагање за сите вработени има најсовремен фитнес центар и панорамски кафе бар.
Деловните простори се опремени со теписон по избор и постои мижност за средување на просторот по желба на клиентите (стаклени прегради, канцелариски мебел, кујна итн.)
Подземна гаража на 3 нивоа со вкупно 190 паркинг места, како и полначи за електрични возила.
Во непосредна близина на деловната зграда има хотели и трговски центри, идеална бизнис локација со брза конекција со меѓународниот аеродром. На само 5км оддалеченост од центарот на градот.