За објектот

Се изнајмува нов деловен објект во Илинден со одлични карактеристики.

Објектот располага со вкупна површина од 1260м2 и парцела од 2550м2.

Административниот дел на објектот е со површина од 500м2, поделен на две нивоа по 250м2 во основа. Двата спрата се одвоени со внатрешен и надворешен влез. Долното ниво е преградено со стаклени партиции, а горниот дел со стаклени партиции и гипсани прегради. Има машки и женски тоалети на двете нивоа, сервер соба, кујна. Во секоја канцеларија е пуштен оптички кабел и HDMI, инвертер клима уреди во секоја просторија, LED осветлување и посебно броило за струја.

Магацинскиот простор на објектот има вкупна површина од 760м2, поделен на две нивоа по 380м2. Има 4 лизгачки врати и пристап од двата спрата од административниот дел. Постои можност за инсталирање на товарен лифт. LED осветлување и посебно броило за струја.

Објектот се наоѓа на супер локација, при што на само 20 метри од објектот е инсталирана трафостаница. Секој кабел од трафостаницата до објектот е во разводни капи и цевки. Дворот околу објектот е хортикултурно уреден со подземни прскалки за вода.
Парцелата располага со два влеза за полесен влез и излез на роба. Има и инсталиран видео надзор во целиот објект.

 

Продажен Агент - Стефан Ѓоргиевски

 

 

Инфо
24ч контролиран влез
двор / градина
интернет / ви-фи
паркинг / гаража
празен
Контакт
+389 78 30 60 83
Франклин Рузвелт бр. 11
Скопје, 1000, Македонија