ID5546A
За продавање

Станови во изградба во Капиштец

ID5546A
Тип
Стан
Површина:
/
Локација
Центар
Цена
1.350 €
За објектот

Се продаваат станови во фаза на изградба во Капиштец, направени од високо квалитетни материјали.

Моментално се останати станови од следните квадратури:

- стан од 64м2 на приземје со две спални соби

- стан од 49м2 на први кат со две спални соби

- стан од 59м2 на втори кат со две спални соби

- стан од 71м2 на трети кат со три спални соби

- стан од 39м2 на четврти кат со една спална соба, без тераса

- стан од 71м2 на поткровје со две спални со можност и за трета спална соба

Зградата ќе биде направена од арматурно - бетонска скелетна конструкција, надворешните ѕидови се со блок - тула од 20цм врз која доаѓа термо фасада со изолација од стиропор од 10цм и пластичен малтер.

Преградните ѕидови помеѓу становите се од двоен ѕид од тула од 12цм, а помеѓу нив изолација од тервол од 5цм - систем што гарантира одлична звучна изолација помеѓу становите.

Подот се состои од 20цм армирана бетонска плоча, со кошулица и специјална мембрана за звучна изолација помеѓу становите.

Високо квалитетни плочки во влезовите, ходниците и целокупниот  простор во зградата.

Прозори од петкоморен профил со три стакла со комплетна звучна и термичка изолација.

Влезни BLINDOR врати со армирана метална конструкција и пет клипа за заклучување.

Внатрешни фурнирани врати.

Комплетна електрика со поставени штекери, прекинувачи и завршна електрика.

Комплетна водоводна и вентилациона инсталација во становите.

Високо квалитетни керамички плочки, во кујните, терасите и бањите кои се целосно опремени со санитарии, казанчиња, бојлери, кади и туш кабини.

Лифт со носивост од четири лица.

Дабов паркет комплетно обработен и лакиран.

Греењето е со радијатори поврзано на градско парно - топлификација.

Комплетен видео надзор и домофонија за секој стан.

Подземен паркинг простор на две нивоа со пристапен лифт за автомобили.

Гаражни места се останати на второто подземно ниво и цената за едно паркинг место изнесува 5000еур. 

Зградата ќе биде готова кон крајот на 2021год.

Инфо
24ч контролиран влез
балкон / тераса
градско греење
домофон
лифт
паркинг / гаража
празен
Контакт
+389 78 30 60 83
Аминта Трети бр. 81
Скопје, 1000, Македонија
Мапа
Geolocation