Нов стан на Водно со пространа тераса
за објектот
Се продава нов стан на Водно, со пространа тераса од 70 м² и отворен поглед кон градот.
Станот располага со внатрешна површина од 160 м² и е функционално организиран со четири спални соби, гардеробер, пространа дневна соба со трпезарија, кујна, остава, бања и гостински тоалет.
Греењето и ладењето во станот се регулирани преку подно греење и фенкојлери, што овозможува висок комфор во текот на целата година.
На располагање се и две подземни гаражни места, од кои едното е стандардно паркинг место, додека второто нуди дополнителна флексибилност – може да се користи како паркинг место за моторно возило или да се пренамени во остава, согласно потребите на идниот сопственик.
Контакт со агент
Контактирајте нѐ за да закажете посета и за повеќе информации за недвижноста.














