За објектот

Ексклузивна куќа во Жданец за изнајмување на тивка и мирна локација со прекрасен поглед кон Скопје.

Куќата е со вкупна површина од 1880м2 од кои 1100м2 се хортикултурно уреден двор, приватни паркинг места и базен со термална пумпа, а 780м2 се внатрешна површина на самата куќа.

Во внатрешноста куќата се состои од дневна соба со трпезарија и кујна, како и балкон со пристап од дневната соба. Гостинската спална соба и тоалетот се лоцирани во делот на главниот влез на куќата, во сутеренскиот дел на располагање се уште и две спални соби, кујна, помошна просторија, бања и теретана. На првиот кат се лоцирани три детски спални соби, два тоалети и соба за релаксација со маса за билјард. На последниот кат е лоцирана мастер спалната која што располага со сопствен тоалет и гардеробер соба.

Куќата исто така располага и со кровна тераса со површина од 200м2, која што има директен пристап од внатрешноста на куќата и има прекрасен поглед кон Скопје и Водно.

Греењето и ладењето во куќата е решено преку централен систем со инвертер клима уреди, а исто така постои можност куќата да се поврзе и на парно.

Продажен Агент - Венијамин Карајанов

Инфо
24ч контролиран влез
балкон / тераса
двор / градина
домофон
интернет / ви-фи
кабелска / сателитска тв
климатизирано
комплетно опремен
машина за перење / сушење
опремен
опремена кујна
паркинг / гаража
поглед на планина
погодно за миленичиња
празен
приватно греење
просторија за гардероба
џакузи
Контакт
+389 78 30 60 83
Аминта Трети бр. 81
Скопје, 1000, Македонија